Србија - Македонија, каде да гледате?

Женската репрезентација на Македонија, денеска со почеток од 17:00 часот во градот Бор во Србија ќе го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари со соодветната репрезентацијата на Србија. 
Македонскиот тим нема да биде комплетен, за разлика од противничкиот во кој не само што ќе бидат сите повикани, туку на голема врата се враќаат нивните најголеми ѕвезди - Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Катарина Крпеж и Катарина Томашевиќ. Тие од разни причини, а главната е недоразбирањата со претходниот селектор не играа за Србија на последното ЕП. Новиот селектор, Бент Дал од Норвешка кој ќе дебитира денеска, ги врати во тимот и си го поправи имиџот без да одигра еден меч. 

Натпреварот ќе почне во 17:00 часот, а директен ТВ пренос ќе има на каналот ТВ РТС 2. 

Утрешниот меч, ќе биде од затворен тип. 

Македонија со овие две средби ги почнува подготовките за бараж квалификациите за СП 2025 што ќе ги игра во април против соодветната репрезентација на Полска. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk