Табоада и Вајлупов на радарот на Бенфика

Португалската екипа Бенфика е пред голем ремонт за следната сезона и според имињата што се споменуваат дека доаѓаат во нивниот тим, ќе има силен состав на располагање.

Позицијата десен бек од каде заминува Демис Григорас (Татабања) е најчесто споменувана кога се работи за трансфер шпекулациите, а најверојатно таму ќе дојде Станислав Кашпарек, чешкиот бек кој во моментов игра за Динамо Букурешт. На позицијата централен бек се споменуваат Елхандро Барбеито од Данкерк и Ел Корчи од Логроњо, а за позицијата лев бек каде што игра македонскиот интеренационалец Филип Талески, се споменува – Рение Табоада.

Поранешниот бек на Е. Пелистер, откако замина за Фредериција е поврзуван со трансфер во Кил и ПСЖ, а сега и во Бенфика. За позицијата десно крило, во игра е познато име – Микита Вајлупов, белорускиот играч на Веспрем.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk