Предолгата групна фаза од Лигата на шампионите, натпреварувачки дел што траеше речиси колку едно цело првенство заврши вчера со дуелите од 14 коло во групата „А“ во која се натпреваруваше и македонскиот Е. Пелистер.
Македонскиот тим вчера беше поразен од ПСЖ во Битола (26-35), на натпревар кој немаше резултатско значење за македонскиот, a како се покажа на крајот, немаше ниту за парискиот тим. Но, тие мораа да победат за евентуално да го избегнат четвртото место во групата.
Тоа не им успеа, Берлин победи во Веспрем (33-32), а Спортинг одигра нерешено со Висла (29-29). По ова ПСЖ се најслаби се во мини табелата со Спортинг и Берлин и во следната фаза ќе играат против ПИК Сегед. Поголемиот проблем доаѓа што ако го минат ПИК Сегед, во 1/4 финалето ќе играат со Барса.
Историска шанса да стигне до Келн се отвора за Спортинг кој како второпласиран во 1/4 финалето ќе игра против подобриот од дуелот Висла - Нант.
Веспрем во 1/4 финалето го очекува подобриот од дуелот меѓу Магдебург и Динамо Букурешт, а Алборг во 1/4 финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Берлин и Келце.