Алкалоид без проблем до бодови во Куманово

МРК КУМАНОВО - РК АЛКАЛОИД  27-41 (10-19)
Сала: „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Спаско Ќаев и Глигор Ќаев. Контролор: Владимир Саздовски
МРК КУМАНОВО: Трајковски, Димевски 6, Соареш 2, Димитров, Вујичевски, Цветковски, Јакимовски, Стојановски 2, Лазаревски, Хен 7, Матаичиќ, Да Силва 4, Митревски, Симоноски 3, Михајловски, Арсовски
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 2 мин. 
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 3, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 2, Карасманакис 4, Стојковиќ 4, М. Митев 3, Ѓоргиев, Велковски 1, Ивановски 1, Франциско 2, Петковски 12, Д. Митев 3, Савревски 1
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин. 

Премиерниот меч од претпоследното коло од првата фаза од Суперлигата го одведе Алкалоид на гостување кај МРК Куманово. Натпреварот немаше резултатско значење и за двата тима. Куманово останува во Плејаут, а Алкалоид ќе биде меѓу првите три во првенството без оглед на овој, а и на последниот натпревар на кој во Скопје ќе дојде ГРК Охрид. 
Во Куманово вечерва немаше резултатска неизвесност. Алкалоид поведе со 4-1, 7-2 и го контролираше натпреварот. На полувреме беше 19-10, веднаш на почетокот на вториот дел стана и двоцифрено (20-10). Домашниот состав како и да е, не се помируваше со двоцифрената разлика па следеше игра гол за гол во која се обидуваа да останат под линијата на раздвојување од 10 гола. 
Тоа им одеше од рака во следниот период. Од осум до десет гола разлика се движеше резултатот во најголемиот дел од полувремето. 
Како се приближуваше крајот, така и паѓаа во ритамот домашните, па разликата одново стана двоцифрена, а на крајот средбата заврши со максималната разлика од 14 гола. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk