Дамите ќе играат и на малите екрани

Во пресрет на квалификациските бараж дуели за пласман на следното Светско првенство во женска конкуренција, македонската репрезентација ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Србија. 
Дата дуела ќе се играат во Бор, Србија. Првиот меч е закажан за утре, во 17 часот а ќе може да се следи и преку малите екрани, затоа што ТВ пренос ќе има на РТС. 

Противникот на Македонија е исклучително мотивиран за овие два натпревари, затоа што ова е нивниот прв натпревар по големите промени во тимот. Имаа промена на селектор, утре на клупата ќе дебитира норвешкиот стратег Бент Дал, а славенички момент за нив е враќањето во репрезентацијата на Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Катарина Крпеж и Катарина Томашевиќ. 

Градот Бор не е случајно избран да биде домаќин на овие два меча. Србија таму ќе го игра реваншот од квалификацискиот дуел за СП на кој противник ќе и биде Словенија. 
Македонија, пак, во април исто така ја чекаат квалификации, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Полска. Првата средба ќе ја играме на 9 април на гостински терен, а реваншот е на 12 април во Битола. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk