ЛШ: Последен меч за Пелистер, каде да гледате?

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, екипата на Е. Пелистер вечерва со дуелот со ПСЖ на домашен терен ќе ги заврши настапите во годинешното издание на најсилното европско клупско натпреварување.

Македонскиот тим пред мундијалската пауза имаше добра позиција за пласман во следната фаза, елиминациите на ЛШ, но главниот ривал во таа трка, полскиот првак Висла Плоцк имаше неочекувано добри изданија во кои славеа победи над гости над ПСЖ и Динамо Букурешт, а дома го совладаа и германскиот Берлин и ја добија таа трка пред битолчани.

Со осум досега освоени бодови, Е. Пелистер може да заокружи дека имал успешен настап во Лигата на шампионите годинава, а вечерва ќе игра за себе и публиката, против едно од најзвучните имиња во ракометниот свет последните десет години.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 20:45 часот во „Боро Чурлевски“, билетите се продадени, а мечот директно ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 5.

Претходно од 18:45 на истиот ТВ Канал ќе може да се следи дерби мечот меѓу екипите на Веспрем и Берлин.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk