Европско збогум од Тимур Дибиров

Тимур Дибиров, легендарниот руски ракометар кој има и македонско државјанство, вечерва го одигра својот последен меѓународен натпревар во кариерата.
Екипата на Загреб беше домаќин на Келце и беше поразена 26-27. Со овој пораз беше и запечатена елиминацијата на хрватскиот првак од годинешното издание на Лигата на шампионите.

Тимур Дибиров, пак, ја игра својата последна сезона во кариерата, а вечерашниот меч во Загреб беше последниот за него во ЛШ и воопшто на меѓународната сцена.
До комплетирањето и последниот меч во кариерата, му остануваат уште десетина натпревари во хрватското првенство.
Тимур Дибиров со 1212 постигнати голови, како втор најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите ја завршува меѓународната кариера. На првото место со 1482 гола е Кирил Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk