Бабиќ е минато во Олимпијакос, Италијанец го наследи на клупата

Жељко Бабиќ, препознатливиот хрватски тренер, не толку одамна тренер на македонскиот Е. Пелистер е веќе минато во грчкиот тим Олимпијакос. Хрватот ја плати највисоката сметка за вториот првенствен пораз од најголемиот ривал АЕК и замина од црвено-белиот тим.

Олимпијакос не губеше време и го назначи Рикардо Трилини за нов тренер. Тој минативе осум години беше селектор на машката репрезентацијата на Италија. Годинава успеаја да стигнат и до СП и убаво да се презентираат, но тоа привлече поголема ајкула. Боб Хенинг, алфа играчот во германскиот ракомет се реши за селекторска кариера и тоа кај Италијанците, додека Трилини мораше да си бара чаре.

Олимпијакос е потенцијален противник на Алкалоид во ЕХФ Европскиот куп. Доколу Алкалоид го елиминира романскиот тим Минаур Баја Маре, а Олимпијакос биде подобар во двомечот со Рунар Сандефојорд од Норвешка, тогаш во полуфиналето на ЕХФ Европски куп ќе се сретнат Алкалоид и Олимпијакос.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk