ЛШ: Последната битка во групата, каде да гледате?

Photo: HBC Nantes

Вечерва ќе се комплетираат натпреварите од групната фаза од Лигата на шампионите во групата „Б“. Таму извесно Барса оди во 1/4 финале, а вториот директен патник ќе го даде дуелот меѓу Нант и Алборг. На Данците им одговара и нерешен резултат.
Екипата на Загреб е елиминирана, а вечерва игра со Келце. Полскиот тим мора да победи за да се надева на пласман во 1/8 финалето.
Колстад кој игра на гости во Барса ќе навива за Загреб. Норвешкиот тим така ќе напредува во елиминациите и со пораз во Барселона, но ако Келце победи, тогаш ќе мора во „Блауграна“ да освојат барем бод.
Ако Барса го совлада Колстад тогаш и Магдебург сигурно напредува во следната фаза. Нив единствено не им одговара да победат и Келце и Колстад, а тие вечерва да загубат од Пик Сегед.

Дуелот меѓу Загреб и Келце (18:45) ќе можете да го следите на ТВ Арена Спорт 4, а мечот меѓу Нант и Алборг (20:45) на ТВ Арена Спорт 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

О’Брајан Њутеу, централниот бек на Данкерк е новото име во редовите на францускиот Нант. Овој 32 годишен плејмејкер беше регрутиран од „Н“ тимот откако му се повредија сите три плејмејкери. Рок Овничек се повреди за време на СП, а потоа во првенството на ист меч посериозни повреди заработија Лука Бретеж и Оумерик Мин. O’Брајан вечерва нема да игра за Нант, неговиот трансфер сѐ уште не е комплетиран за настап во ЛШ.

Во екипата на Загреб вечерва ќе дебитираат двајцата нови ракометари кои дојдоа од Татабања. Тоа се пикерот Петар Топиќ и левиот бек Дамјан Пжитула од Полска. Во тимот го нема повредениот Звонимир Срна.

Кај полскиот вицепрвак, Индистрија Келце, вечерва ќе ги нема Игор Карачиќ, Аркадиус Морито, Клемен Ферлин и позајмениот Сандро Мештриќ. Повратници во тимот се двата леви бека, Симон Сичко и египетскиот ас Хасан Кадах.

Во тимот на Алборг вечерва на терен во ЛШ се враќа повредениот голем талент Мадс Хоксер. Тој го пропушти мундијалот во јануари, но сега би требало да е во потребната форма за нивниот клучен меч во ЛШ во оваа фаза.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk