Три кандидати за најдобар млад играч во светот

Photo: IHF/Kolektiff

Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска ги објави тројцата кандидати во изборот за најдобар млад ракометар за 2024 година. 
Германскиот десен бек Ренарс Ушчинс, португалската сензација Францискo Кошта и хрватскиот вонесериски голман Доминик Кузмановиќ се тројцата ракометари за кои ќе може да се гласа во финалната рунда во изборот на најдобри играчи. 

Изборот ќе се врши на следниот начин. Една третина од гласовите се гласови на фановите. Една третина ќе ја сочинуваат гласовите на селекторите кои водеа репрезентација на Олимписките игри во Париз, а гласањето ќе биде заокружено со третината која ќе ја даде Комисија на ИХФ. 
Идејата е одлична, изборот очекуваме да биде реален затоа што сите тројца покажаа квалитети достојни за лаврите, а единствено онаа мала сива зона околу возраста на играчите што влегуваат во конкуренција за изборот на млад е нешто што веруваме дека треба да биде појасно регулирано. 
Тоа во случајов нема да биде проблем, затоа што во 2024, Кузмановиќ и Ушчинс наполнија 22 години, а Кошта има само 20 години. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk