Photo: IHF/Kolektiff
Бекот на Висла Плоцк, Миха Зарабец поради проблеми со грбот ќе ги пропушти двата квалификациски дуела со Македонија што ќе се играат на 12 и на 16 март во Скопје и во Копер.
Миха Зарабец имаше одличен натпревар со Келце каде што постигна 10 гола, но потоа му откажа на селекторот Урош Зорман.
Неговото место ќе го заземе левиот бек Алекс Кавчич, ракометар кој на последниот меч за Загреб во Лигата на шампионите постигна седум гола.
Македонија има пред себе многу сериозен противник со широка база на ракометари од која без многу тешкотии селекторот Урош Зорман можеше да замени неколку битни ракометари кои дел поради повреда, дел поради смена на генерации нема да играат против Македонија во следните два дуела.
Повредени се Рок Овничек и Миха Зарабец, додека Дејан Бомбач не е во тимот, но тие ги имаат Домен Макуц и Домен Тајник. Нема да брани Клемен Ферлин, но ги имаат Урбан Лесјак и Јоже Базник, потоа отсуството на Мачковшек е надополнето со Алекс Влах и Алекс Кавчич, а Матеј Габер ќе го заменат Матиц Сухолезник, Миха Кавчич и Кристијан Хоржен, додека одбраната ќе им ја поврзе Ник Хенигман.
На последното СП, Словенија беше на дофат на победа и елиминација на домаќинот Хрватска, но Дагур Сигурдсон и неговите играчи на вистински начин го искористија „домаќинлакот“ на мундијалот и победија на критичниот и помалку контроверзен натпревар, па Словенија беше елиминирана.
Поврзани вести