Премија за ракометарите за победа над Словенија

Новиот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, на денешниот прв состанок на новиот Управен одбор на РФМ предложи премија за играчите ако се оствари победа над Словенија во квалификациите за Европското првенство во 2026 година
Македонија ќе игра со Словенија на 12-ти март, а ако победат ракометарите ќе поделат пренија од 1.000.000 денари. Предлогот на Стефанов, новиот Управен одбор едногласно го прифати.
Собирот на Македонија за мечот против Словенија е закажан на 9 март, а натпреварот со Словенија ќе се игра на  12 март. Заинтересираноста за овој меч е исклучително голема.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk