Со одлуките на денешниот состанок на Управниот одбор на РФМ, извршена е промена на позицијата прв оперативец и координатор на администрацијата во федерацијата. Позицијата генерален секретар ја напушти Филип Милошевски, а во моментов вршител на должност, до финално назначување ќе биде Влатко Тасевски.
Досегашниот генерален секретар со посебен статус се заблагодари на сите за соработката во последните 12 години.
Почитувани Пријатели.
Ве информирам, мандатот на функцијата Генерален Секретар на РФМ го завршувам со денешниот ден.
Чест, привилегија и задоволство е да се биде близок соработник со г-дин Живко Мукаетов, кој за мене лично е пред сѐ визионер, одличен ментор и вистински лидер, кој несебично се вложува во секој сегмент во работењето, благодарам.
Во 12-те години поминати во институцијата РФМ посветивме многу внимание и труд на сите задачи и предизвици, го дававме максимумот за унапредување и функционирање во сите сегменти на ракометниот спорт, се надевам и верувам дека и понатака со напорна работа, ќе биде спорт број 1 во Македонија.
Благодарност до сите колеги во канцеларијата на РФМ и соработници.
Oстанувам во енергетиката каде сум присутен речиси 25 години, воедно упатувам благодарност и до мојот претпоставен г-дин Андреја Јосифовски кој ми даваше подршка за време на ангажманот во РФМ .
И секако, големо благодарам до моето Семејство за подршката во изминатите 12 години
До следните предизвици, секогаш со срце за Македонија
Спортски поздрав !