Новиот Управен одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска го одржа својот прв состанок на кој беа донесени важни одлуки.
Дел од трансферот на одговорностите меѓу старото и новото раководство на РФМ е промената на членовите на комисиите. Четири важни комисии добија нови членови, а на врвот на сѐ доаѓа и промената на првиот администравец и оперативец на РФМ, генералниот секретар.
Дисциплинската комисија на РФМ ќе ја раководи професорот Среќко Георгиевски, познато ракометно име и тој треба да формира комисија. Претседател на Арбитражна комисија ќе биде адвокат Борко Бајалски кој треба да ја формира и комплетира комисијата. Горан Милошевски ќе ја води Реигистрациската. Сите имаат обврска да го информираат РФМ за изборот што побрзо за да се запази натпреварувачкиот дел.
Новиот претседател на РФМ, Александар Стефанов го предложи досегашниот директот на репрезентацијата, Влатко Тасевски за нов генерален секретар.
Беше одредена и Комисија за спроведување на постапката за избор на генерален секретар. Влатко Тасевски до спроведување на одлуката ќе биде в.д. генерален секретар.
Досегашниот генерален секретар ја доби првата благодарница од новото раководство и им посака среќа на своите наследници во федерацијата.