Спортинг продолжува без Кико Кошта

Photo: IHF/Kolektiff

Прилично голема нелагодност предизвика денешниот статус на португалската ѕвезда Франциско Кико Кошта во ракометните кругови во Португалија.

„Ќе ме нема извесно време, нема да можам да го работам тоа што најмногу го сакам. Тоа е дел од патот. Но, ќе се потрудам да се вратам подобар од порано“, објави Португалецот.

Франциско Кошта ги пропушти последните два дуела на Спортинг, вклучително и дерби мечот со Порто. Нема детали за што се работи, медиумите веруваат дека станува збор за повреда, но каква, колку време ќе му треба да се врати и слично се прашања што засега немаат одговор. Засега нема реакција ниту од Спортинг, што додава дополнителна доза на мистерија во објавата на најдобриот млад играч во светот во моментов.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk