Македонскиот интернационалец Мартин Томовски, прв пат сезонава се најде во идеалната постава на колото во најсилната ракометна лига на светот - Бундеслигата.
Мартин Томовски имаше 18 интервенции на дуелот со екипата на Магдебург и си најде место меѓу најдобрите играчи викендов.
Во идеалното друштво викендов се најдоа и Матијас Гидсел, Лукас Јоргенсен, Марко Гргиќ...