РФМ бира нов генерален секретар

Новото раководство на Ракометната федерација на Македонија неделава треба да избере нов генерален секретар кој ќе ја води РФМ во претстојниот период. Последните четири години од вкупно 12 годишниот мандат на сѐ уште актуелниот прв оперативец Филип Милошевски истекуваат неделава.

Позицијата генерален секретар е  една од најважните и со најголеми одговорности во РФМ. Тој е раководител на администрацијата на РФМ, а во врска со правата и обврските на работниците во администрацијата ги врши правата и должностите на работодавач.
Генералниот секретар го организира и координира процесот на работа во федерацијата и е задолжен да се грижи за спроведување на мерките, одлуките и заклучоците на органите и телата на РФМ во согласност со законот, колективниот договор, статутот и општите акти на РФМ.
Генералниот секретар на РФМ го именува и разрешува Управниот одбор, согласно условите кои се утврдени со посебна одлука за период од 4 години.
Управниот одбор, пак, беше едногласно избран од Собранието на РФМ на состанокот одржан на 1 март годинава.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk