Томовски блесна против Магдебург

Македонскиот интернационалец Мартин Томовски, конечно, блесна на еден натпревар во Бундеслигата и запиша зад своето име респектабилен број на интервенции.

На мечот со првакот Магдебург, Мартин Томовски имаше 18 успешни интервенции, но тоа не беше доволно за неговата екипа, Потсдам, да стигне до својата прва победа сезонава. Магдебург победи 25-15, а нивниот голман исто така имаше добра партија и запиша 14 одбрани.

Со овие 18 интервенции, Мартин Томовски значително ја подобри својата статистика во Бундеслигата и сега има 70 одбрани на 15 натпревари на кои бил во составот и има подобро остварување на пример од познати имиња како Никола Портнер, Самир Беласен, Томас Мрква...

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk