Келце ја запре залетаната Висла

Photo: Industria Kielce/Patryk Ptak

Фантастичната постмундијалска серија на полскиот шампион Висла Плоцк заврши денеска во Келце. Талант Душебаев и неговите избрани ракометари по пет порази по ред, денеска ја совладаа Висла.За волја на вистината се работи само за минимална победа (25-24) со последен, неуспешен напад на гостите.

Симон Сичко успешно се враќа во форма по повредата и со седум гола го предводеше Келце, додека на спротивната страна, лоша вест за селекторот на Македонија Кирил Лазаров. Миха Зарабец, словенечкиот плејмејекер постигна 10 гола во поразениот тим.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk