Веспрем го мерка и пикерот на Порто

Photo: FC Porto Sports

Најавеното заминување на францускиот пивот Лудовик Фабрегас од екипата на Веспрем (се враќа во Барса), ги принуди Унгарците сериозно да бараат негова замена за следната сезона.
За еден од најбогатите европски клубови парите не се проблем, затоа постојано се наоѓаат во некои трансфер шпекулации, но овој пат е сигурно дека ќе купуваат пивот, затоа што само со Пешмалбек и Граховац на линијата тешко дека би ги исполниле целите.

Не еден туку два вонсериски пикери се споменуваат за трансфер во Веспрем.
За египетскиот репрезентативец Ахмед Адел одамна се зборува, иако сѐ уште нема официјална потврда.
Во меѓувреме се прошири и шпекулацијата дека пикерот на Порто, Виктор Итуриза е желба на Хавиер Пасквал за следната сезона.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk