Лука Карабатиќ заврши со играње за Франција

Лука Карабатиќ објави очекувана одлука дека веќе нема да настапува за репрезентацијата на Франција. Легендарниот пивот и одбранбен играч беше дел од генерацијата наречена „експерти“ и освои две светски, две европски и едно олимписко злато.
По минатогодишното пензионирање на неговиот постар и попознат брат, Никола Карабатиќ, прашање на време беше коха и Лука ќе се реши за истото.
Првиот чекор е збогување со репрезентацијата, а клупски ќе го гледаме во дресот на ПСЖ најверојатно уште една сезона затоа што има активен договор до 2026 година. Лука Карабатиќ ја информирал француската федерација, која јавно му се заблагодари на нивната официјална веб страница. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk