Загреб го купи новиот Игор Вори

Единствениот хрватски шампион досега, екипата на Загреб ангажираше двајца нови ракометари за продолжението на сезоната во која има проблем со повредени играчи.
Дамјан Пжитула, левиот бек на Татабања потпиша договор до 2027. Тој е полски репрезентативец. 
Од екипата на Татабања доаѓа и 33 годишниот хрватски пикер Петар Топиќ. Овој ракометар своевремено беше регрутиран од Лино Червар за Металург. Хрватскиот „маго“ тогаш го претстави како новиот Игор Вори. 
Не стана толку славен Топиќ, а во Македонија го гледавме и во дресот на Пелистер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk