Александар Стефанов е новиот претседател на РФМ. Од вкупно 51 делегат, денеска присутни беа 48 делегати. Единствен кандидат за нов претседател на РФМ беше Александар Стефанов, досегашен член на Управниот одбор на РФМ, спонзор и сопственик на клубот РК Бутел Скопје. Тој беше едногласно избран.
Драган Начевски кој требаше да биде кандидат, одлучи да не се кандидира.
„Ова го правам за да нема поделби во македонскиот ракомет, мораме да биде единствени и да го задржиме ракометот како спорт број еден. Мојата кариера како делегат завршува во јуни, па ове е моето последно учество на Собрание на РФМ. Ви благодрам на сите за поддршката“, изјави Драган Начевски.
Александар Стефанов, новиот претседател ја изложи својата програма пред делегатите.
„Сакаме да направиме чекор напред, да изградиме систем што ќе обезбеди одржливост за сите нивоа во ракометниот спорт. Мојата програма се состои од неколку столба. Пред сѐ, да работиме на основната инфраструктура. Во план е изградба ракометен дом на РФМ што ќе ги згрижи младинските и сениорските категории и чинтели во ракометот што ќе имаат потреба од спортска сала. Мултифункционален спортски центар, фитнест, канцеларии и друго.
Акцент мора да ставиме на женскиот ракомет, промоција преку социјални медиуми, оранизирање на трибини, семинари...
Формирање на лига за мини ракомет под покровителство на ЕХФ, на целата територија, со лобирање во школите за да ги продобиеме децата да се одлучат за ракомет.
Финансиски, иднината на федерацијата е во сигурни раце, веќе разговарав со повеќе компании кои се подоготвени да помогнат.
Планираме софтвер што треба да се примени од следната сезона со што административната и процедуарлната работа би се олесниле и процедурите би се скратиле.
Не би должел, Ви благодарам за поддршката, благодарност на сегашното раководство кое ми овозможи да стекнам искуство и знаење во работата во ракометот“, изјави Александар Стефанов.
Александар Стефанов, потоа ја презема функцијата претседател:
На ова столче седеле претседатели кои низ годините оставиле белег, сакам да им се заблагодарам на сите претходни претседатели кои оставиле тежина, за сите заедно и ден денеска ракометот како национален спорт да остане спорт број 1. Јас оваа функција ќе ја извршувам про боно, без никаков надомест, ќе сторам се за да продолжиме да остваруваме успеси на сите полиња“, нагласи Стефанов во своето прво обраќање како претседател на РФМ.
Поврзани вести