Македонија - Словенија, почнува продажбата на билети

Македонската репрезентација постмундијалски се враќа на сцената преку два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026 што ќе ги игра со Словенија на 12 март во Скопје и три дена подоцна во Копер.

Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во среда (12.03.2025 г.), со почеток во 20:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра квалификацискиот натпревар во рамки на Men’s EHF EURO 2026 QUALIFIERS против селекцијата на Словенија.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува во понеделник на 03.03.2025 година во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажната цена на влезниците за натпреварот е 200 и 300 денари.
Продажна мрежа – МК Тикетс
Скопје:
• ЛитератураМК - City Mall
• ЛитератураМК - East Gate
• ЛитератураМК – Diamond Mall
• Литература - ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК - ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел - ТЦ Бисер
• Макпетрол - Козле
• Макпетрол - Илинденска
• Макпетрол - Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари
Штип:
• Сити Тобако
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk