ЕХФ ги закажа дуелите на Алкалоид

Европската ракометна федерација ги закажа дуелите од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот куп во кој се натпреварува и македонскиот претставник Алкалоид.

Алкалоид за противник го доби романскиот тим Минаур Баја Маре, а првиот натпревар ќе го игра како гостин на северот на Романија на 23 март со почеток од 17:00 часот.

Реванш натпреварот е на 30 март во Скопје, со почеток од 19:00 часот.
За разлика од досегашните елиминации во ЕХФ Европскиот куп, во 1/4 финалето нема да има двојни гостувања, а единствено исландски Хаукар сѐ уште го нема потврдено домашниот натпревар.

ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
22 МАРТ
Хаукар – Извиѓач
18:00 АЕК – Партизан
23 МАРТ
17:00 Минаур Баја Маре – Алкалоид
17:00 Олимпијакос - Рунар

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk