Утре завршува голема ера на македонскиот ракомет

Утре е важен датум за целиот македонски ракомет, најважниот момент во ракометната 2025 година. Утре во градското собрание на Скопје ќе се одржи состанок на клубовите на највисоко ниво, Собрание на РФМ на кое главната точка на дневниот ред ќе биде избор на нов преседател на најуспешната спортска федерација во Македонија.
Актуелниот претседател, г. Живко Мукаетов и неговиот тим предводен од генералниот секретар Филип Милошевски по 12 години успешно водење на федерацијата и менаџирањето на сите проблеми со кои се доочуваше ракометот во неговите три мандати нема да биде кандидат.

За позицијата прв човек на РФМ во следните четири години според сите официјални и неофицијални најави, очекуваме да се одлучува меѓу двајца кандидати. Тоа се г. Александар Стефанов и г. Драган Начевски. Што ќе се случи утре, ќе одлучат клубовите/делегатите и на тој начин ќе го насочат ракометот. Денеска ќе го третираме денот како предизборен молк и нема да зборуваме за шанси и фаворити. Тоа утре ќе го решат делегатите.

РФМ што заминува на своите наследници им остава голема одговорност да продолжат успешно да го водат спортот. Ќе наследат федерација со расчистени долгови и чисти сметки.

Наследуваат разработена федерација во која сите младински репрезентации од практично непостоечки пред 12 години се доведени до рангот на учество на највисоките степени ЕП и СП настани и тоа е еден од најголемите успеси на сѐ уште актуелното раководство, одработено преку организирање на десет првенства, подготовки и создавање услови.
Низ призмата на македонскиот спорт и споредено со другите федерацијии оставаат и традиција на 11 години неприкинато учество на машкиот националниот тим на СП и ЕП со отворена врата кон 12 учество. Можеби најбитно во овој дел, оставаат и репрезентација одосно база на играчи која во наредните десетина години ќе може сама да го носи својот товар и младинска база од која ќе може уште долго да се пополнува тимот.
Добро позиционирани и испочитувани се и тренерското здружение и здруженијата на судии и делегати. 

Деновиве, секако ќе имаме повеќе простор и време да заокружиме што се случуваше во 12 годишната ера на актуелното раководство во кое РФМ ракометот пливаше во мирни води, имаше на најважната позиција човек кој беше вистински водач и повеќе од една децнија стратегиски успешно, без финансиски проблеми, без големи бранувања особено во моменетите кога целиот свет беше во Ковид изолација и кога се справуваше со ефектите од неа.

Утре завршува голема ера во македонскиот ракомет и почнува нова.
Каква ќе биде ќе зависи од сите ракометни фактори и елементи.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk