БЕРЛИН - Е. ПЕЛИСТЕР 39-29 (15-12)
Македонскиот првак Е. Пелистер ќе ја заврши сезоната во Лигата на шампионите во следното коло, последно од групната фаза. Пелистер ќе го освои седмото место во групата што значи и елиминација од понатамошното натпреврување.
Последната шанса за битолчани да се пласираат во елиминациите беше вечерва во Берлин каде што им беше потребен најмалку бод.
Но, Берлин беше доминантен тим и без драматични моменти славеше убедлива победа.
Мечот имаше многи слабо отворање од страна на битолчани, иако Берлин не играше со најсилниот состав. На голот го немаше Милосављев, во нападот го немаше Ласе Андерсон, но одлични партии пружија Лудвиг на голот и Ландхоф во нападот и не се ни приметуваше дека нешто е сериозно сменето во тимот.
Неколку врзани промашувања на стартот го однесоа Берлин до водство од 7-1 и тоа му даде наскока и тек на натпреварот. Битолчани успеаја да воспостават рамнотежа, успеваа да го држат натпреварот меѓу 4 и 6 гола разлика и да ја чекаат својата шанса.
Првиот дел заврши со резултат 15-12 за Германците, а македонскиот состав во 40 минута успеа да намали и на два разлика (16-18). Тоа беше врвот што го достигна, се чини најмалку 10 минути порано. Да издржеше или да стигнаше на минус два гола во 50 минута, можеби ќе имаше шанса за борба, вака, Берлин имаше пред себе 20 минути за да се врати во ритам и тоа без проблем го направи.
Гледајќи дека противникот влегува во ритам, тренерот Раул се обиде и со „7 на 6“, но наиде на екипа што има спремно противигра за оваа тактика. На секој гол веднаш враќаа со гол на празна мрежа или со транзиција од која лесно поентираа.
Во меѓувреме разликата се искачи и на плус седум/осум, па и двата тима можеа да ги стават во игра и најмладите ракометари.
Најефикасни играчи на натпреварот беа Матијас Гидсел и Матс Лангхоф со по 9 постигнати гола, а во редовите на Пелистер, Филип Кузмановски постигна седум, а Шебиб беше стрелец на шест гола.
Во последното коло кое резултатски ништо нема да може да смени за Пелистер, во Битола ќе гостува Париз Сен Жермен. Тие се во резултатска криза и вечерва запишаа нов пораз на домашен терен, беа совладани од екипата на Веспрем.
Поврзани вести