ЛШ: Пелистер против Берлин, каде да гледате?

Македонскиот првак во Лигата на шампионите ги игра своите најдобри партии со години наназад, но нивниот директен ривал Висла Плоцк, шампион на Полска игра уште подобри партии во ЛШ, а тоа доведе вечерашното гостување на Пелистер во Берлин да биде можеби решавачко за пласман во елиминациите на ЛШ.

Висла со победите над ПСЖ, Берлин и Динамо Букурешт го одведе Пелистер во ситуација да мора да остане непоразен во Берлин за да ги зачува живи шансите и во последното коло со евентуална победа над ПСЖ да се избори за елиминации. Притоа Динамо или Висла мораат да загубат во последното коло.

Ако, пак, денеска Е. Пелистер биде поразен од Берлин, тогаш ги губи шансите за пласман во следна рунда без оглед на тоа што ќе се случи во последното коло.

Натпреварот во Берлин ќе се игра со почеток од 20:45 часот, а директно ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 1. На истиот канал, со почеток од 18:45 часот ќе биде директно пренесуван и натпреварот меѓу екипите на Сегед и Барса.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk