Лоши вести од Букурешт: Висла пак победи во ЛШ

Екипата на Висла Плоцк ја запиша третата победа по ред во Лигата на шампионите, по мундијалската пауза. Вечерва во Букурешт, Висла Плоцк го совлада тимот на Динамо Букурешт (27-26) и се израмни со нив на табелата со по 10 освоени бодови. 
Хрватскиот интернационалец Леон Шушња беше стрелец на победничкиот погодок со кој Висла одново му избега два бода на македонскиот Пелистер.
Сега ситуација за македонскиот клуб е многу комплицирана. Единствениот начин да стигне до елиминациите е да освои најмалку три бода во последните две кола во кои утре ќе игра на гости со Берлин, а на последниот меч дома со ПСЖ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk