Шок за Флензбург: Питлик мора на операција

Германскиот Флензбург ќе мора во следниот (подолг) период да игра без својот најдобар и еден од најдобрите дански ракометари Симон Питлик.
Познатиот дански играч, син на Јан Питлик, момчето што некогаш (2019) сонуваше да игра за Вардар, минативе две години се промовираше во еден од најдобрите светски ракометари, ракометар за кого Флензбург подготвува месечна плата од околу 30.000 евра за да остане во клубот подолг период.

Питлик се повреди на дуелот со Тулуз од ЕХФ Европската лига. Заработи фрактура на подлактицата и ќе мора да оди на операција.
Времето кое ќе го мине надвор од теренот, во овој момент не е прецизно одредено, но сигурно ќе мине доста време пред да го видиме назад на теренот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk