Main Photo: IHF/ Kolektiff
Селекторот на репрезентацијата на Словенија, Урош Зорман, одбра 20 ракометари за дуелите со Македонија што ќе се играат кон средината на март, во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Урош Зорман во составот има доста познати имиња како што се Алекс Влах, Домен Макуц, Блаж Јанц, Миха Зарабец или Блаж Благотиншек, но во составот и нема доста познати имиња како што се Борут Мачковшек, Јуре Доленец, Дејан Бомбач, Матеј Габер или пак повредените Клемен Ферлин, Рок Овинчек и Нејц Цехте Цехте.
Словенија има пол позиција за освојување на првото место во групата. Тоа може да го оствари дури и со еден пораз од Македонија и послаб скор, затоа што нашиот тим имаше еден слаб ден во Литванија што не врати два чекора назад.
Пласманот и на Македонија не е довоеден во прашање, прашањето е од кое место во групата ќе одиме во ждрепката за Европското првенство што следниот јануари ќе се одржи во Шведска, Данска и Норвешка.