Шок одлука: Дејвис си оди од Динамо!

Краток е фитиљот кај романските клубови. Особено кај врвните во кои има многу пари и се бара брз успех. Најновата жртва е поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис. По неколкуте слаби партии во ЛШ, особоено по поразот од Е. Пелистер во Битола во клубот беше одржан итен состанок, а на Дејвис му беше соопштено дека договорот нема да му биде продолжен. 
Така тој ќе замине од Букурешт на крајот на сезоната, една година пред истекот на договорот пишуваат денеска романските медиуми. 
Дали оваа одлука ќе има позитивен или негативен ефект ќе видиме уште вечерва кога Динамо ќе се сретне со Висла Плоцк. Овој меч е исклучително важан за Е. Пелистер кој се надева на победа на Романците. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk