Привршува групната фаза на ЛШ, каде да гледате?

Денеска почнува претпоследното коло од предолгиот дел наречен групна фаза во Лигата на шампионите. На програмата е 13 коло кое на ТВ преносите на ТВ Арена спорт падна далеку во програмската шема и двата меча од кои ќе има пренос ќе бидат на каналот ТВ Арена Спорт 8.

Тоа се дуелите меѓу Алборг и Загреб (18:45) и Келце – Нант (20:45).

Тоа се битни дуели за Алборг и Нант кои се борат за второто место кое носи и директен пласман во 1/4 финале, а битно е и за Келце кој се бори за место во елиминациите.
Најбитно, сепак, се чини дека веќе се гледа крајот на маратонската сезона во која квантитетот на натпревари го победува квалитетот и ЛШ освен што е напорна за екипите, почна да станува здодевна за гледачите.

Добар момент е што ЕХФ размислува за промена на овој систем на натпреварување и воведување на нов со повеќе екипи во првата фаза, но поделени во повеќе групи со што ќе се смени лигашкото натпреварување.

Денеска се игра многу важен меч за Е. Пелистер. Во Букурешт ќе играат Динамо и Висла Плоцк, дуел на кој Полјаците не смеат да победат за да останат живи шансите на македонскиот тим за пласман во елиминациите. 

Photo: Kielce Handball





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk