Лазаров: Добивме квалитетен ривал, очекувам неизвесни дуели

Алкалоид го доби противникот за следната елиминациска рунда во ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот претставник ќе игра против романската екипа Баја Маре двомеч во последната недела од март.
Ждрепката е поволна од аспект дека се избегнати трите фаворити АЕК, Олимпијакос и Партизан, но не значи дека противникот е лесен. Напротив, се работи за тим во кој има девет интернационалци, дел од нив препознатливи репрезентативци и познати домашни ракометари со големо акумулирано искуство.

„Добивме квалитетен противник во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот куп. Екипа што доаѓа од ракометна нација. Сите екипи што стигнале до 1/4 финале на ова натпреварување поседуваат квалитет, а наша мала предност е што вториот натпревар ќе го играме во Скопје. Очекувам неизвесни дуели и голема борба за влез во полуфиналето“, изјави тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk