Во организација на САМО Ракомет, (Оnly handball) се одржа првата панел дискусија со работен наслов "Ракометот е спорт број 1"?.
Настанот беше позитивно оценете, а поголем број ракометни работници отворија многу теми од различни области. Зголемување на базата, задржување на децата во сала, едукација на тренери, домашен производ или играч од странство, создавање МКД производ или постигнување успех.
Домаќинот Виктор Христовски и министерката за финансии дискутираа на теми поврзани со финансирање на нашиот спорт, стратегија за истиот и дали на Македонија и треба како врвен или масовен спорт, или и двете.
Ви пренесуваме изјави на дел од учесниците по завршувањето на настанот:
„Ова беше одлична идеја и треба да имаме повеќе вакви панел дискусии со цел ракометот да оди напред“, изјави Ѓорѓи Начевски, еден од најдобрите светски судии во моментов.
„Сите имаме свои маки и проблеми и го искористивме моментот да си ги кажеме и да се надеваме дека ќе има позитивен ефект, во секој случај ова беше одлична идеја“, изјави Горан Стојков, спортски директор на РК Аеродром и на агенцијата AGE Sports.
„Искрено, феноменално. Се надевам дека ќе има уште многу вакви дискусии. Овде беа присутни луѓе кои целосно се посветени на ракометот. Треба промени, треба да тргнеме од нас. Супер лигата мора да биде Супер. Треба да ги менуваме работите една по една и темата Ракометот Спорт број 1? да не биде со прашалник, изјави Славчи Ристески, спортски директор на ГРК Охрид.
„Невозможно беше сѐ са опфатиме, но драго ми е што успеавме да отвориме неколку теми и што имаше и прашања, се разви и дискусија. Сетоа ова е со цел да нотираме добри работи, да ги посочиме тие што треба да се менуваат и ракометот да оди напред“, изјави Горан Ѓоргоноски, креатор на проектот „Ракомет за секое дете“.