ЕХФ КУП: Нацртан е европскиот пат за Алкалоид

Нема време за трошење во РК Алкалоид, па по вчерашниот дерби натпревар во фокусот на вниманието на клубот одново се враќа ЕХФ Европскиот куп каде што како единствен преостанат македонски претставник сино-белиот тим беше дел од заедничката ждрепка за 1/4 финале и 1/2 финале во ова натпреварување.

Алкалоид со шесте победи извојувани во второто, третото коло и во 1/8 финалето се пласираше меѓу најдобрите осум екипи во ЕХФ Европскиот куп и таму за противници го очекуваа седум екипи кои според квалитетот отскокнаа во досегашните натпревари.

Среќата вака ги подели противниците денеска:

1/4 ФИНАЛЕ
Баја Маре - Алкалоид
АЕК - Партизан
Олимпијакос - Рунар
Хаукар - Извиѓач

1/2 ФИНАЛЕ:
Баја Маре - Алкалоид против Олимпијакос - Рунар
АЕК - Партизан против Хаукар - Извиѓач

Алкалоид во 1/4 финалето ќе игра против Баја Маре од Романија, а победникот од овој натпревар ќе игра против победникот од дуелот меѓу Олимпијакос и Рунар. 
Натпреварите од 1/4 финалето ќе се играат во последната недела од март, а натпреварите од полуфиналето во последната недела од април. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk