Е. Пелистер се врати на врвот на табелата

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - РК АЛКАЛОИД  33-20 (16-11)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Контролори: Драган Начевски и Ацо Николовски
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Митревски 1, Ивиќ, Ристевски, Кузманоски 4, Тајник 3, Борзаш 1, Радивојевиќ 8, Кузмановски 11, Костески, Абутовиќ, Петар Атанасијевиќ, Пешевски, Хосни 3, Павле Атанасијевиќ 1, Шабиб 1
Седмерци: 8/10 Исклучувања: 8 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 1, Маркоски 2, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 2, Митев 2, Ѓоргиев, Велковски 1, Ивановски, Бинго, Франциско, Петковски 1, Савревски
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин. 

Е. Пелистер се врати на пол позицијата во Суперлигата и на три кола и без дерби меч до крајот на оваа фаза од првенството не би требало да ја пропушти шансата со три бода да влезе во Плејоф фазата.

Пелистер вечерва го одигра најдобриот меч сезонава, Алкалоид својот најлош можеби откако е формиран и епилогот е победа со потребната разлика која битолчани ги носи на првото место на табелата. 

Почетокот на средбата им припадна на домашните поведоа со 5-1 и тоа му даде тек и ритам на мечот. Алкалоид во првиот дел во неколку наврати намалуваше на минус три гола, но и пропушти шанси што можеа да му дадат поинаков тек на натпреварот, а домашниот состав ги искористи укажаните шанси.

На спротивната страна, пак на битолчани сѐ им одеше од рака и што од пенал што од игра направија плус пет на полувреме. Многу веројатно тешките дуели што ги играат во Лигата на шампионите им ја донесоа присебноста и цврстината потребна за ваков дерби натпревар. 

Во вториот дел, ритамот ист, но Никола Митревски влезе во елемент, бранеше во серија и предноста се искачи на осум, а делириум во преполната арена предизвика голот за плус девет. Не успеваа да се поврзат гостинските играчи на теренот и да направат ритам и тоа им ја олесни работата на домашните играчи.
Понесени од амбиентот и поволниот резултат, ракометарите на Е. Пелистер до крајот на мечот ја контролираа играта и резултатот и стигнаа до посакуваниот резултатски епилог. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk