Топ вести: Почина истепаниот дедо, Мартиновиќ со недели на пауза...

Настрада на меч на внукот: Голема врева се крена во Шпанија на 15 декември кога на натпревар на млади категории, на трибините беше истепан дедото на еден од судиите кој бил обичен гледач. Напаѓачот, кој е татко на еден од ракометарите што биле актери на мечот, сега ќе одговара за многу посериозно дело. Дедото, не успеал да ги надмине повредите што ги здобил по падот откако бил турнат на трибината, по два месеци хоспитализација денеска починал во болницата.

Пари не се проблем: Според германскиот весник „Frankfurter Allgemeine“, бундеслигашот Флензбург сака да го продолжи договорот со данскиот бек Симон Питлик и да му ја зголеми месечната плата на 30.000 евра со што не би бил далеку од 40-50.000 колку што се зборува дека ќе заработуваат со новите договори Матијас Гидсел во Берлин и Емил Нилсен во Веспрем.

Пари ќе се проблем: По Азоти Пулави, уште еден полски суперлигаш се соочува со неизвесна иднина, тоа е Горњик Жабже. Сопственикот на клубот, кој е воедно и претседател во последните 20 години изјави дека на крајот на сезоната го напушта клубот и ќе престане да го финансира.

Шест недели одмор: Еден од најдобрите хрватски ракометари, Иван Мартиновиќ, се повреди на натпреварот на РНЛ со Гумерзбах. Мартиновиќ ја оштети тетивата на коленото и ќе мора да мине надвор од теренот четири до шест недели, а потоа ќе се утврди дали уште ќе паузира. Дагур Сигурдсон, нема да може да смета на него за дуелите со Чешка од квалификациите за ЕП 2026.

Беа непобедливи: Екипата на Татран Прешов беше непобедлива на домашната сцена со години, но се сменија времињата, а Бистрица им стана сериозен ривал. Иако и натаму се прво на Плејоф табелата, сериозен удар во битката за титула доживеаја вчера и тоа не од Бистрица, туку од екипата на Бојница која благодарение на 13 гола на играчот Сметанка ги победи 35-33.

Photo: HK Bojnice/Vladimír Králik
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk