Тренерот е виновен за трансферот на Готфридсон

Photo: PICK Szeged

Шведскиот играч Јим Готфридсон, еден од најдобрите светски ракометари во моментов, активираше трансфер бомба. Си оди од Флензбург и следната сезона ќе игра за ПИК Сегед. Во интервју за "Bock auf Handball" открива зошто заминува.

„Сакав да останам и имав конструктивни разговори со клубот. Но, по разговорот со тренерот (Николеј Крицкау) се предомислив. Сфатив дека нема довреба во мене. Во еден момент си поставив прашање. Зошто придонесуваш со свои идеи, кога на крајот само неговите идеи ќе бидат имплементирани? Тогаш, во еден момент ја загубив мотивацијата“, изјави Готфридсон.

Флензбург во декември го отпушти тренерот Николеј Крицкау и месецов го ангажираше Алеш Пајовиќ, но во меѓувреме Јим Готфридсон веќе потпиша договор со унгарскиот вицепрвак каде што тренер ќе му биде сонародникот Микаел Апелгрин.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk