ТОП ВЕСТИ: Олимпијакос е осмиот патник, Сагосен дебитираше со запирка...

Осмиот патник: Олимпијакос е последната, осма екипа што се пласираше во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот куп. Ланскиот финалист двата меча со норвешкиот Драмен ги играше во Атина. По вчерашната тешка победа (36-35), денеска беше поубедлив и со резултат 34-30 ги елиминираше норвешките ривали.

Нема криза во Романија: Динамо Букурешт, покрај веќе договорениот трансфер на Мигуел Мартинс од Алборг, на листата на желби додаде уште две познати имиња. Голманот на Штутгарт, Самир Беласен (екс Кил) и левиот бек на Порто, Педро Валдез.

Барса оди на пазар: По повредата на Гонзало Варгас, Барса објави дека е во потрага по голман што ќе му биде помош на Емил Нилсен до крајот на сезоната.

За секој случај: Германскиот тим Фуксе Берлин предвреме го продолжи договорот со јуниорскиот ол стар бек од ЕП 2022, Нилс Лихтлејн, за уште три сезони.

Ќе му треба време: Сандер Сагосен дебитираше за екипата на Алборг на првенствениот натпревар со ГОГ (32-27). Иако играше дваесетина минути, Сагосен не се запиша на листата на стрелци на овој меч.







Пионерската екипа на РК Алкалоид славеше победа на гостински терен над екипата на РК Пролет на првиот меч од продолжението на првенството. Најмладите ракометари на РК Алкалоид победија со 20-17 на натпревар на кој Горјан Петрушевски и Христијан Ангеловски беа најефикасните ракометари со по четири постигнати погодоци.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk