Италијанските ракометари во ред за фото со Лазаров

Италијанците имаат поинакво сфаќање и третман на ЕХФ Куп и без оглед што не се организирани логистички на високо ниво, дуелите со Алкалоид за нив беа посебна приказна. 
Респектот кон македонскиот тим и особено тренерот Кирил Лазаров го видовме и во Италија, каде што голем број на македонски, а меѓу нив и понекој италијански фан ги „заробија“ македонските играчи за фото и автограм. 
Во Скопје, пак, откако заврши двобојот, дел од ракометарите на италијанскиот состав дисциплинирано во ред си застана за фотографија со во светски рамки легендарниот ракометар, Кирил Лазаров. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk