СУПЕРЛИГА: Денеска завршува трката за Плејоф?

Во исчекување на понеделничкото големо дерби кое што треба да даде попрецизна насока за тоа како ќе изгледа врвот на табелата во Суперлигата по првата фаза од шампионатот, денеска ќе се одиграат сите други натпревари од редовното 19 коло во најсилната машка конкуренција.

Денеска, би можела да биде завршена битката што ќе ги подели екипите во Плејоф и Плејаут. Ако Бутел Скопје победи во Струга, Тиквеш дома го совлада Прилеп, а Охрид како гостин биде подобар од Пролет, во пресрет на последните три гола, разликата меѓу Бутел и ривалите од Прилеп и „Пролеќе“ ќе стане шест бода и таа приказна ќе биде завршена.
Ќе остане, до крајот само битката за тоа кој клуб колку бода ќе пренесе во следната фаза.

СУПЕРЛИГА, ДЕНЕСКА:
14:00 СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:00 Ф. БОРЕЦ – РАДОВИШ
18:00 ТИКВЕШ – ПРИЛЕП
18:00 Т. ПРОЛЕТ – ОХРИД
18:30 КУМАНОВО – ВАРДАР 1961
СУПЕРЛИГА, ПОНЕДЕЛНИК
18:00 Е. ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk