Гасне матичниот клуб на Лук Стеинс и Кај Смитс

Photo: IHF/Kolektiff

Наспроти сите анализи за подемот на машката ракометна репрезентација на Холандија и наводно нивната силна стратегија, често споменувана и во Македонија од „икс“ аналитичари, стои податокот дека нивниот национален тим се потпира(ше) на два столба – Лук Стеинс и Кај Смитс. Овие ракометари ја извадија од анонимност портокаловата репрезентација со помош на уште еден играч, Дани Бајенс, додека остатокот буквално до вчера беа полуaматери. Но, извозот на играчи во соседнa Германија и блиската Франција каде има вистински развојни центри, формираше врвни ракометари преку кои и се етаблираа во ракометната хиерархија.

Но, во позадина постои почетокот, а за Холандија почетокот беше клубот Лимбург Лајонс, екипа во која од 2012 односно 2014 па се до 2016 своите први чекори ги направија Лук Стеинс и Кај Смитс.
Клубот на Лимбург Лајонс денеска објави дека става катанец на врата.
Финансиски им е неисплатливо постоењето и штом заврши оваа сезона, клубот веќе нема да се натпреварува.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk