Дански судија се онесвести сред меч во ЛШ

Мечот во Веспрем на кој се сретнаа домашниот тим и Спортинг го досуди еден арбитар. Го почнаа данските судии Мадс Хансен и Јеспер Мадсен.
Ако се сеќавате тоа се данските судии што ја судеа средбата Македонија - Холандија на Светското првенство во Вараждин минатиот месец.

Пред крајот на првото полувреме, судијата Јеспер Мадсен се онесвести на теренот. Се обиде да остане на нозе, но не му успеа. Веднаш притрчаа ракометарите од двата тима и му помогнаа. Судијата се врати при свест пред да биде изнесен од салата, а мечот продолжи со само еден судија на теренот. 

Конечниот резултат од тој натпревар е 33-32 за домашниот Веспрем. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk