По ПСЖ, Висла го среди и Берлин

Европската ракометната федерација пред десетина дена објави текст со базиран на статистика и направени 10.000 симулации за последните кола во Лигата на шампионите во според кои ја состави табелата, а на која македонскиот Е. Пелистер проаѓаше во елиминациите. 
Се уште не знаеме дали сме во истата реалност со симулациите на др. Стрејнџ од ЕХФ, но по две одиграни кола работите не одат според предвиденото. Пелистер не само што ја загуби предноста од два бода пред полскиот тим, туку сега му требаат три бода на последните три меча вклучително вечерашниот со Динамо за да биде подобро пласиран од Висла, па дури тоа нема да е гаранција. 
Имено, Висла откако во минатото коло го совлада тимот на ПСЖ како гостин, вечерва го победи и составот на Берлин. Имавме можност да ја гледаме оваа средба, Висла доминираше и изгледа како сосема поинаков тим од тој што го гледавме минатата календарска година. 
Конечниот резултат од овој натпревар е 32-27 за екипата на Висла. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk