Е. Пелистер игра денеска во ЛШ, каде да гледате?

Минатото коло во Лигата на шампионите во кое Висла славеше победа на ПСЖ во Париз ја промени целата логика низ која се правеа комбинациите на екипите што претендираат да се пласираат во следната фаза на ЛШ. 
Тоа беше на штета на македонскиот првак кој ја загуби пол позицијата во трката со полскиот шампион и сега во следните три кола мора да освои барем еден бод и тоа под услов Висла да ги загуби сите три натпревари за да се пласира во елиминациите и да освои бодови за клупскиот рејтинг во ЛШ. 

Вечерва битолчани играат дома со Динамо Букурешт и тоа е еден од натпреварите на кои би можело да се случи изненадување. Романскиот тим е неколкукратно посакп проект создаден од странски играчи, но е во рангот на послабите екипи против кои мора да се бара бод, затоа што ситуацијата сега така наложува. 

Натпреварот ќе се игра со почеток од 20:45 часот, а директен ТВ пренос ќе има на ТВ Арена Спорт 5. 

Вечерва од 18:45, пак, на каналот ТВ Арена Спорт 7 ќе има директен пренос од дуелот меѓу Веспрем и Спортинг. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk