Македонската машка сениорска ракометна репрезентација на Македонија, денеска, на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави,
Ангела Агелер, беше гостин на приемот што во нивна чест беше организиран во амбасадата на САД во Скопје.
Во рамки на посетата Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и селекторот Кирил Лазаров ѝ подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското првенство 2025.