РНЛ најде замена за Јури Кнор

Рајн Некар Ловен, германскиот топ клуб денеска објави дека е најдена замена за Јури Кнор. Најголемата ѕвезда на клубот заминува во Алборг, а на неговото место ќе биде ангажиран 26 годишниот дански ракометар Матијас Ларсон.

Ларсон е играч што потекува од најдобрата школа во светот, школата на ГОГ, а последните три години игра во Норвешка, прво во Аренадл, а сезонава во дресот на Елверум.
Се работи за ракометар кој е одличен во транзиција и во игра еден на еден, но колку и да се лепат комплименти за неговата игра, веруваме дека навивачите на РНЛ ќе бидат прилично разочарани затоа што се очекуваше да дојде попознато име, како Лук Стеинс од ПСЖ на пример.

photo: Rhein Neckar Loewen

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk