ТОП ВЕСТИ: Флензбург бара речиси милион евра отштета, нов Сагосен на сцена...

Флензбург без осет: Германскиот репрезентативен пикер, Јоханес Гола заминува од Флензбург и се враќа во Мелзунген во јуни 2026. Договорот е официјализран, Флензбург веќе има пикирано и замена, останува само да пројде времето за да се наместат коцките како што е договорено.
Мелзунген сака порано, уште во 2025 да го доведе Гола во својот тим, но Флензбург за таа „услуга“ побарал отштета од дури 900.000 евра.

Тенка е линијата: Не е само Јоханес Гола линискиот напаѓач што најдоцна во 2026 заминува од Флензбург, туку и покрај убедувањата да остане, најверојатно ќе си оди и Лукас Јоргенсен. Тој наводно се има договорено со Веспрем, иако засега ниту потврдуваат ниту демантираат.

Крушата под круша паѓа: На натпреварот меѓу Бидасоа и Барса на кој се повреди голманот Гонзало Перез де Варгас, за екипата на Барса како замена настапи младиот голман Филип Шариќ.
Филип Шариќ е син на прославениот голман Даниел Шариќ кој бранеше за Барселона од 2009 до 2016, а настапуваше и за репрезентациите на Србија и Ц. Гора, БиХ и Катар.

Обрнете внимание: На сцената се појавува уште еден Сагосен. Помладиот брат на Сандер Сагосен, Сиљан Сагосен има 17 години и според норвешките медиуми е блиску до потпис со данскиот Алборг каде што неодамна потпиша неговиот славен брат.
Сиљан Сагосен важи за талентиран фудбалер, хокеар, но се чини дека го одбра ракометот како спорт број 1. Настапува во младинска конкуренција и велат дека е исклучително талентиран играч.

Потврден трансфер: Барса го официјализираше трансферот на Дани Фернандез кој како позајмен играч настапува во Бундеслигата. Фернандез доаѓа на лето и има нов договор до 2028 година, а ќе биде замена за Аитор Арињо или Хампус Ване. Двете леви крила на Барса летово би требало да заминат од клубот.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk