Давид Брестовац потпиша за Е. Пелистер

Актуелниот првак на Македонија, Е. Пелистер денеска се пофали си потпис на младинскиот репрезентативен голман на Македонија, Давид Брестовац.
Синот на познатиот македонски репрезентативец и поранешен селектор Данило Брестовац, во Битола доаѓа од Германија каде што брнеше за екипите на Котбус и Вирцбург. Битолчани подолго време се обидуваа да го ангажираат Давид во својот тим, а сега конечно им појде од рака.
Давид Брестовац официјално ќе биде претставен во битолскиот тим деновиве.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk